Претходна статија
Објектите околу плоштадот „ВМРО“ ќе преминат во „барок“
Следна статија
Девет парцели од зоната „Жабени“ одат на продажба

Два студентски дома ќе се градат во Скопје и Тетово

Објавено на 23.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за образование и наука денес објави оглас за изградба на два нови студентски дома во Скопје и Тетово. Државниот универзитет во Тетово ќе го добие долговетуваниот капацитет за сместување на студенти во градот, додека во македонската метропола е планирано да се издигне објект на местото на бараките од домот „Невена Георгиева – Дуња“. Од надлежното министерство процениле дека за реализација на двете студентски згради ќе се одвојат 260 милиони денари, односно 4,2 милиони евра без вклучен ДДВ. Заинтересираните градежни компании треба да ги достават своите понуди најдоцна до 12 април.

 

* Постојната состојба во која се наоѓа домот „Невена Георгиева - Дуња“

 

 

Отворањето на тендерска постапка за изградба на два нови студентски дома следува по негативните реакции на студентите за условите во кои живеат во постојните сместувачки капацитети. И по дванаесет години од официјалното признавање од страна на државата, Државниот универзитет во Тетово нема сопствен објект за живеење на студентите кои доаѓаат од другите населени места. Како и во Тетово, во главниот град е предвидено да се гради објект од 1.200 метри квадратни на местото на постоечките бараки во склоп на Клиничкиот центар. Поради отсуството на елементарни услови за живот, домот „Невена Георгиева – Дуња“ во моментов е напуштен.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk