Претходна статија
Македонија произвела 47,25% од вкупната енергија потребна за 2015 година
Следна статија
25,1 милиони денари за довршување на водоснабдителниот систем во Липково

Два нови тендери за изградба на канализација во Струга и Прилеп

Објавено на 20.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за транспорт и врски денеска објави два тендера за изградба на канализациона мрежа во населеното место Горно Коњари во Општина Прилеп и во струшките села Короишта, Ливада и Ложани. За двата инфраструктурни зафати ќе се издвојат финансии во висина од 51 милион денари. Во струшките села ќе се гради секундарната мрежа за фекалната канализација, која треба да се поврзе со транзитниот колектор. Во Горно Коњари ќе се изведуваат каналите К1 и К2 од канализационата мрежа. Градежните фирми ќе имаат рок до 16 ноември за да ги поднесат своите понуди за проектот во Прилеп, додека за изведба на градежниот зафат во Струга ќе се очекуваат понуди до 21 ноември.

 

 

Од надлежното министерство денеска информираа дека владата го започнала проектот за подобрување на водоводната и канализационата мрежа низ општините во земјава. Во изминативе недели веќе беа распишани тендерите за довршување, реконструкција и надградба на водоводната мрежа во Гостивар, Виница, Ресен, скопско Студеничани и тетовско Желино, како и за фекалната канализација во прилепското населено место Ропотово. Финансиските средства за сите проекти се обезбедени, а нивната изградба ќе започне по изборот на најповолни изведувачи.

 

„Цел на Владата на Република Македонија е во наредниот период од 18% покриеност на територија на Република Македонија со комунална инфраструктура, да се зголеми на 40% што е во функција на обезбедување на рамномерен регионален развој и баланс меѓу урбаните центри и руралните средини“ информираат од Министерството за транспорт и врски.