Претходна статија
Кои се опциите за ладење ова лето и колку ќе ве чинат?
Следна статија
Почна проширувањето на улицата Маџари во општина Гази Баба

Два нови објекти за основни училишта ќе се градат во Скопје

Објавено на 18.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Догодина главниот град треба да добие два нови објекти во кои ќе се сместат постоечки основни училишта во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров. Министерството за образование и наука склучи договор со фирмите „Изградба – комерц“ и Алдинг – инженеринг“ за нов објект на училиштето „Невена Георгиева Дуња“ во населбата Кисела Вода и на училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром. Двата проекти ќе се финансираат преку државниот буџет, во износ од над 102 милиони денари односно околу 1,6 милиони евра. Времетраењето на потпишаниот договор е осум месеци.

 

 

 

Изградбата на новиот објект за ОУ „Невена Георгиева Дуња“ е долгогодишна потреба на жителите од населбата Кисела Вода. Во моментов учениците од оваа образовна установа посетуваат настава во објекти од монтажен тип, донација од Република Франција по земјотресот од 1963 година. Идентично како и во првиот случај, проблемот со недостиг на адекватен простор за учениците е планирано да се реши и во населбата Хром. За да се прошири капацитетот ќе се догради подрачна единица на училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“. Локацијата на ова училиште е на просторот што порано го користеше Дирекцијата за заштита и спасување.

 

 

Бојан Блажевски