Претходна статија
Заврши реконструкцијата на пешачката улица „Тоше Проески“
Следна статија
Новиот изглед на плоштадот „Македонија“ оди на втор тендер

Два нови кружни тека се градат во Битола

Објавено на 18.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По завршената санација на коловозот и изведбата на кружен тек кај Педагошкиот факултет, општина Битола продолжува со реализацијата на два нови кружни тека. Заедно со предвидената реконструкција на коловозот на улицата „Васко Карангелески“, еден од кружните текови ќе биде изграден на местото на постоечките семафори кај супермаркетот „Веро“, а вториот кај хотелот „Битола“. Во средишниот простор на кружните текови ќе се постават содржини значајни за културно – историското минато на градот. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 25 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.

 

 

Кружен тек кај Црн мост – Битола

 

 

Во меѓувреме, се работи и на довршувањето на изведбата на новиот мост во вид на кружен тек на реката Драгор, на местото на некогашниот „Црн мост“. Градежните активности на овој  инфраструктурен проект се на самиот крај и се очекува екипите на изведувачот „Стентон градба“ од Битола да го предадат во употреба во наредниот период. Мостот треба да биде широк 60 метри, а неговиот распон изнесува 16 метри.