Претходна статија
Плоштад Слобода: Стоп за новите градби во Дебар Маало
Следна статија
Производствениот погон на „Дијатек“ отпочна со работа во Бунарџик

Два нови кружни тека се градат на булеварот „Туристичка“ во Охрид

Објавено на 09.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески денеска го означи почетокот на изградбата на два нови кружни тека на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Едниот се изведува на крстосницата на овој булевар со улицата „Македонски просветители“, а другиот на крстосницата со улицата „Стив Наумов“. Првиот кружен тек, кај Охридска банка, ќе биде со дијаметар од 24 метри, додека помалиот кај улицата „Македонски просветители“ ќе има дијаметар од 3 метри. Преку кредитот од Светска банка за реализација на овие градежни зафати се предвидени финансиски средства во износ од 12 милиони денари (околу 200.000 евра).

 

 

 

Во изградбата ќе учествуваат фирмите „Илинден“ од Струга и „Ив Стил“ од Охрид, во соработка со охридските јавни претпријатија. Покрај овие проекти, општина Охрид привршува со реализацијата и на други инфраструктурни објекти од добиениот кредит од Светска банка. Денеска свечено беше пуштена во употреба реконструираната улица „Питу Гули“ во должина од 800 метри. Покрај промената на асфалтот на коловозот, екипите на „Илинден“ од Струга ги санираа и тротоарите долж целата траса. За овој проект беа потрошени 12 милиони денари.