Со одлука на Владата, државното градежно земјиште наменето за изградба на куќи за индивидуално домување и земјиштето наменето за изградба на катни гаражи, ќе се продава со почетна цена од едно евро за метар квадратен. Премиерот упати порака до градоначалниците да почнат да урбанизираат што поголем број парцели за изградба на куќи на земјиште кое е во сопственост на државата, после што Министерството за транспрот и врски ќе објави огласи за јавно наддавање. Во септември минатата година, Владата повлече идентичен потег во однос на цената на државното градежно земјиште на кое се планирани стопански објекти и хотели.