Претходна статија
Новиот градски пазар во Гевгелија ќе биде готов до крајот на 2014
Следна статија
На продажба се нудат уште 16 парцели во Жабени

Државниот универзитет во Тетово се всели во ново модерно здание

Објавено на 27.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Новата зграда на Државниот универзитет во Тетово денеска беше свечено пуштена во употреба. Образовниот објект се простира на површина од 19.330 метри квадратни и располага со 55 училници, 93 кабинети, лаборатории и читални, а во негови рамки се предвидени и пропратни содржини за задоволување на секојдневните потреби на студентите, професорскиот кадар и администрацијата на оваа високообразовна институција.

 

За реализацијата на проектот се издвоија финансиски средства во висина од 11,5 милиони евра, од кои најголем дел или околу 10 милиони евра се обезбедени од Министерството за образование и наука. Во современото здание ќе се сместат Правниот, Економскиот, Филозофскиот и Филолошкиот факултет, ректорската управа и администрацијата на тетовскиот универзитет. Вселувањето во универзитетската зграда следува по тригодишните интензивни активности за нејзино завршување, а изведувач беше градежната компанија „Модинг“.