Претходна статија
Музејот „11 октомври 1941“ во Прилеп реконструиран и повторно отворен
Следна статија
Македонскиот фудбал ќе добие своја куќа

Државата продава уште една парцела за „барокен“ хотел под Кале

Објавено на 10.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извадок од ДУП Централно зеленило покрај Вардар – Парк 2Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на државно градежно земјиште во општина Центар, наменето за изградба на хотелски комплекс. Се работи за парцела на левиот брег на Вардар, непосредно под американската амбасада, опфатена со ДУП „Централно зеленило покрај Вардар – Парк 2“. Парцелата бр.2.1 има вкупна површина од 4.090 метри квадратни и површина за градба од 1.487 метри квадратни. Максималната дозволена висина до венец е 11 метри, а коефициентот на искористеност изнесува 1,1.

 

Инвеститорот е обврзан фасадното обликување да го изведе во стил на барок, неокласицизам и неоромантизам. Исто така од инвеститорот се бара финализација на градбата во рок не подолг од 6 години, сметано од денот на добивањето на одобрението за градење, кое треба да го обезбеди во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот за отуѓување на градежното земјиште. Доколку објектот не се изгради во определниот рок по негова вина, купувачот ќе има обврска да плаќа казна во висина од 2% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање, за секој изминат месец. Почетната цена за земјиштето изнесува 61 денар за метар квадратен, односно вкупно околу 4 илјади евра. Пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 11.11.2011, а наддавањето ќе се одржи на 21.11.2011.

 

Министерството за транспорт и врски истовремено распиша објава и за продажба на државно земјиште за изградба на катна гаража во непосредна близина. Ова е повторен обид да се привлече инвеститор кој би го градел објектот. Овој пат метар квадратен се продава по почетна цена од 61 денар, а новост е и условот за фасадното обликување, кое како и за хотелот, треба да биде изведено во стил на барок, неокласицизам и неоромантизам. Заинтересираните субјекти може да се пријават за учество најдоцна до 10.11.2011. Јавното наддавање ќе се одржи на 18.11.2011.