Претходна статија
Заврши „сушата“ во Свети Николе
Следна статија
БЛИЦ ВЕСТ: Почна раскопување на плоштадот

Државата продава 53 градежни парцели во Валандово и Василево

Објавено на 07.02.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски објави повик за јавни надавања за оттуѓување на државно градежно неизградено земјиште во општините Валандово и Василево. Во индустриската зона „Раброво“ близу Валандово се нудат 45 парцели со големина помеѓу 1.591 и 10.259 метри квадратни. Сите се со намена за „Лесна индустрија, сервиси и стоваришта“ и со почетна цена од 300 денари за квадрат. Рокот за доставување на пријави е до 25.02.2010, а наддавањето ќе се одржи во просториите на министерството на 03.03.2010. Во општина Василево на продажба одат седум парцели со големина помеѓу 2.251 и 4.006 метри квадратни, опфатени со урбанистички план за вон населено место „село Градашорци“ и намена за „Откуп на земјоделски производи“. Почетната цена изнесува 500 денари за квадрат. Пријавите за учество може да се доставуваат до 25.02.2010, а наддавањето е закажано за 09.03.2010. Кај Градашорци се нуди и земјиште за изградба на бензинска пумпа предвидена со истиот план. Големината на парцелата е 7.226 метри квадратни. Почетната цена е исто така 500 денари, односно вкупно 361.300 денари. Рокот за доставување на пријави е до 16.02.2010, а наддавањето ќе се одржи на 23.03.2010.