Претходна статија
Градежниците позитивно гледаат кон работењето во вториот квартал од годинава
Следна статија
Со средства од ЕУ се изгради пречистителната станица за отпадни води во Радовиш

Државата одвои над 15 милиони евра за редовна поправка на патиштата

Објавено на 18.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Јавното претпријатие за државни патишта избра седум градежни компании за поправка и рехабилитација на државните патишта низ земјава. Во наредните 12 месеци ќе се издвојат над 15 милиони евра за санација на патната инфраструктура, која што би се одвивала по потреба на одредени делници низ Македонија. Изведбата на ваквите поправки им е доверена на фирмите „Гранит“ од Скопје, „Бетон“ од Скопје, „Пелагонија“ од Гостивар, „Илинден“ од Струга, „Жикол“ од Струмица, австриски „Штрабаг“ и косовски „Ескаватори“.

По појавената потреба за санација на одреден патен правец, ЈП за државни патишта ќе врши повторно прибирање на понуди за изведба на зафатот и ќе склучи договор со оној изведувач што ќе понуди најповолни услови. Станува збор за втора група на договори што се потпишани два месеци по потпишувањето на договорите во вредност од 5,7 милиони евра за санација на патиштата од А – категорија низ земјава.

 

Со ваквиот потег на ЈП за државни патишта се очекува навремено санирање на коловозот и соодветно одржување на македонските патни правци во текот на претстојните 12 месеци.