Претходна статија
Атмосферската канализација годинава ќе пристигне во Шуто Оризари
Следна статија
Доцни почетокот на реконструкцијата на Универзална сала

Државата ќе субвенционира вградување на ПВЦ и алуминиумски прозорци

Објавено на 24.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во 2017 година ќе биде проширен долгогодишниот проект на Министерството за економија за субвенционирање на вградувањето сончеви колектори. Домаќинствата годинава ќе можат да аплицираат за државна помош при изведбата на ПВЦ или алуминиумски прозорци во објектите. Планирано е да се надоместат до 50 отсто од трошоците, но не повеќе од 500 евра по домаќинство. Од надлежното министерство информираат дека повикот до граѓаните ќе биде објавен до крајот на месецов и истиот ќе трае до крајот на август. Доделувањето на субвенциите ќе се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен“.

 

 

Од министерството очекуваат дека со новиот проект ќе се поттикне спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност во домовите на граѓаните. За оваа намена од државниот буџет за 2017 година се издвоени 20 милиони денари. Субвенциите ќе се доделуваат по вградувањето на новите прозорци, а нивното доделување ќе се одвива до исцрпувањето на предвидените средства за 2017 година, но не подоцна од август 2017 година. Од Министерството за економија информираат дека годинава ќе продолжи и проектот за субвенционирање на инсталирањето сончеви колектори за домаќинствата, кој што непрекинато се реализира од 2007 година до денешен ден.