Претходна статија
Ќе се реализира ли сонот за изградба на пат од Тетово до Призрен?
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Градските плажи во Скопје сардисани од неодговорноста на граѓаните и градската власт

Државата ќе продава 13 парцели за изградба на бензински пумпи

Објавено на 03.02.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Бензински пумпи со придружни услужни дејности ќе се градат на автопатот од Табановце до Гевгелија, како и на неколку магистрални и регионални патни правци во земјава. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес – конференција објасни дека за сите локации веќе е обезбедена целосната урбанистичко – планска документација и се уредени имотно – правните односи. Долж Коридорот 10 ќе се продаваат парцели на шест локации, две во катастарската општина Велес, две во Градско, една во Демир Капија и една во Росоман. Министерството за транспорт и врски ќе понуди по две локации за изградба на бензински пумпи на патот Битола – Прилеп – Велес и на оној на потегот Штип – Радовиш – Струмица, како и по една парцела долж патиштата Кадрифаково – Велес, Куманово – Свети Николе и Штип – Кочани – Делчево.

 

Владата размислува на преземање дополнителни мерки за доуредување и дополнување на автопатот „Александар Велики“, со цел адекватно да се одговори на потребите на лицата кои го користат овој патен правец. Се разгледуваат можностите за отворање на времени сезонски зелени пазари за продажба на земјоделски производи и на рачни ракотворби. Покрај тоа, се согледуваат опциите за изградба на два нови аква паркови во близина на Велес, кај вештачкото езеро Младост и во близина на границата со Грција, на потегот помеѓу Струмица и Гевгелија.