Претходна статија
„Жикол“ ќе го гради новиот мост до скопско Долно Коњаре
Следна статија
Европскиот совет на инженерски комори (ЕСЕС) го одржа 14-тото Генерално Собрание во Скопје

Државата ќе поставува туристичка сигнализација за информирање

Објавено на 24.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за економија потпиша договор за поставување на туристичка сигнализација на неколку локации низ земјава. Воведувањето на информативни табли ќе придонесе за запознавање на посетителите на земјава со потенцијалите на позначајните туристички места. Поставувањето на сигнализацијата ќе го изведува скопската фирма „Скрин Принт“, за што ќе и бидат исплатени околу 2.000.000 денари. Новите информативни табли треба да се изведат во наредните 12 месеци.

 

 

Поставувањето на информативни табли за туристите што ја посетуваат Македонија започна пред неколку години. Тогаш се поставија 115 информативни табли за сите позначајни културно – историски места долж патиштата од паневропските Коридори 8 и 10.