Претходна статија
Добивката на „Гранит“ лани се намалила за 42%
Следна статија
Проектот „Купи куќа, купи стан“ вдоми преку 500 граѓани и семејства

Државата ќе гради плажа во Лагадин

Објавено на 09.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски кон средината на идниот месец ќе почне да ја уредува новата плажа кај населеното место Лагадин, на брегот на Охридското езеро. Градежниот зафат чини 75 милиони денари и е предвидено да се комплетира до август годинава. Плажата ќе се протега почнувајќи од хотелот „Два бисери“ кон југ во должина од 500 метри. Во изминатиов период се изготвува проектната документација за новата плажа од страна на фирмата „Астрекс“ од Скопје, врз основа на идејното решение кое исто така беше нивно дело.

 

 

Новата плажа кај Лагадин ќе има два шанка, два објекти со тоалети, тушеви и гардероби, сервисен пункт, простор за сместување на лежалки и чадори, детски игралишта, две платформи за вода, два мола за прифаќање на чамци, педалини и други пловни објекти. Дел од плажата ќе навлегува во водите на Охридското езеро со изведба на две дрвени платформи. Во склоп на уредениот простор е предвидено да има спортски терени за фудбал и одбојка на песок. Од Министерството за транспорт и врски наведуваат дека новата плажа ќе има зелена површина, но и палми со кои ќе се донел „духот на Медитеранот“ во Охрид.