Претходна статија
ОСВРТ: Балкански центри за евтини авионски летови
Следна статија
Реконструкција и надградба на руинираното игралиште во Ново Лисиче

Државата е подготвена и сама да ги гради автопатиштата

Објавено на 17.01.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Постапката за избор на концесионери за дел од постоечките и за изградба на нови автопатски делници е во напредна фаза. Пет интернационални конзорциуми ја поминаа предквалификационата постапка и влегоа во потесен избор. Присигнување на понуди се очекува во првиот квартал, а завршување на процедурата и избор на концесионерите, до крајот на годинава. Сепак, премиерот во вчерашното интервју за Македонската информативна агенција изјави дека доколку постапката доживее неуспех, постои алтернативен план и државата е подготвена сама фазно да ја реализира инвестицијата која се проценува на околу милијарда евра.


Во меѓувреме состојбата со изградба на нови автопатски делници воопшто не охрабрува. Единствена која моментално се гради е делницата Куманово – Табановце, која иако е долга само 7,6 километри, се гради од септември 2008 и константно ги пробива роковите. Долги години во најава остана и 28 километри долгата делница Демир Капија – Смоквица, која не е дел од концесиските пакети и со која треба да се комплетира автопатот долж Коридорот 10 во Македонија. Надлежните и за годинава повторно најавуваат старт на нејзината изградба, но без прецизен датум.