Претходна статија
Продолжува реконструкцијата на главниот булевар во Кичево
Следна статија
Повторно нема заинтересирани за изградба на барокната зграда на МЖ - Инфраструктура

Драстичен пораст на добивката на штипски „Бетон“

Објавено на 13.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Бетон“ од Штип оствари вртоглав раст на добивката од работењето во првите три месеци од 2014 година. Во неконсолидираниот биланс на успех може да се забележи дека компанијата остварила добивка од 7.515.000 денари (околу 120 илјади евра), што е 1.204% повеќе во споредба со идентичниот период од минатата година. Драстичното зголемување на профитот се должи првенствено на порастот на оперативните приходи од 237%, кои во првите три месеци од годинава изнесувале 153.740.000 денари или нешто помалку од 2,5 милиони евра. Притоа, добиените проекти на домашниот пазар имаат најголем удел во зголемувањето на приходната страна од работењето.

 

Штипски „Бетон“ во првото тримесечје од 2014 година имал оперативни расходи во висина од 143.942 илјади денари или над 2,3 милиони евра. Слично како и приходите, расходите оствариле пораст од 225% во споредба со идентичниот период лани. Оваа градежна компанија работи на неколку проекти од „Скопје 2014“, вклучувајќи ја изведбата на класицистичката фасада на седиштето на МЕПСО во центарот на Скопје, довршувањето на новата зграда на Археолошкиот музеј, а истата достави и најевтина понуда до Градот Скопје за изведба на новиот плоштад „ВМРО“, кој ќе биде лоциран пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.