Претходна статија
„Гранит“ со стабилна добивка ја завршил 2017 година
Следна статија
ЕЛЕМ самата ќе инвестира во „Чебрен“ и „Галиште“

Драстичен пад на добивката на скопски „Бетон“ во 2017 година

Објавено на 16.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градежната компанија „Бетон“ од Скопје во 2017 година остварила добивка во висина од 32.975.313 денари. И покрај позитивното финансиско работење, остварениот профит е за повеќе од двојно помал во однос на 2016 година, кога е остварена добивка од 88.364.000 денари. „Бетон“ лани забележал вкупни проходи во износ од 2.178.955.149 денари, кои во споредба со остварените приходи во 2016 година се помали за 27,26%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од основна дејност, остварени од изградба на градежни објекти на домашен пазар.

 

 

Остварените вкупни расходи во периодот јануари – декември 2017 година изнесувале 2.145.689.807 денари и во споредба со расходите од 2017 година се намалени за 26%. Скопски „Бетон“ минатата година за инвестиции во основни средства издвоил 197.639.151 денари.