Претходна статија
Повеќе патници, помалку стока превезени од транспортерите
Следна статија
Скопски „Бетон“ со раст на добивката од 10,64%

Драстичен пад на добивката на штипски „Бетон“

Објавено на 27.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната фирма „Бетон“ од Штип забележа огромен пад на добивката во првото полугодие од годинава. Од работењето на компанијата е остварена сеопфатна добивка во износ од 2.064.000 денари, што е за 93% помалку во однос на периодот јануари – јуни 2014 година. Оперативните приходи на штипски „Бетон“ изнесувале 279.059.000 денари и истите се намалени за 16%. Намалените приходи од продажба се наведуваат како причина за опаѓање на оперативните приходи.

 

Во извештајниот период е пресметано дека „Бетон“ од Штип ги намалил оперативните расходи од работењето на 260.260.000 денари, што е за 14% помалку во споредба со периодот јануари – јуни 2014 година. Во делот на расходите, градежната компанија бележи зголемување на трошоците одвоени за вработените и за амортизација на материјалните и нематеријалните средства.