Претходна статија
Училиштата во Карпош со нови содржини според идејните решенија на Васил Велков
Следна статија
Градежниците предвиделе изградба на 985 станови во ноември 2016 година

Доцни изградбата на хотел од ланецот „Хилтон“ во скопски Аеродорм

Објавено на 12.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Изградбата на хотел од ланецот „Хилтон“ во скопската населба Аеродром не се одвива според предвиденото темпо. Иако беше планирано да се пушти во употреба најдоцна до 2016 година, хотелот „DoubleTree by Hilton“ е далеку од финализација. Во изминативе две години нема позначителни градежни активности на терен, а во моментов објектот е доведен на ниво на отворена карабина. Засега нема подетални информации за тоа кога ќе се заврши планираниот хотел, но и што ќе се случува со градежната парцела ако не се доврши изградбата во законски предвидениот рок. Градежното земјиште беше продадено од Министерството за транспорт и врски во мај 2010 година.

 

 

Камен-темелникот за хотелот од познатиот ланец „Хилтон“ беше поставен во 2013 година. Истата година беше потпишан и договорот за франшиза, со кој беше официјализирана соработката помеѓу „Хилтон“ и „Стоун Бриџ Хотел“ од Скопје. На самиот почеток, градежните работи се одвиваа со забрзано темпо, а објектот веќе во 2014 година се доведува до постоечката фаза на изграденост. Вкупната инвестиција во објектот се проценува на 30 милиони евра. Најавениот „Хилтон“ треба да се простира на површина од 25.000 метри квадратни, во чии рамки се вклучени 152 соби и 20 луксузни апартмани, четири конференциски сали, спа-центар, бизнис центар и центар за здравје.