Претходна статија
Фирма од Девствените острови ќе гради леарница во Пробиштип?
Следна статија
Угостителски објект ќе се гради на малото пристаниште во Охрид

Доцни изградбата на филтер станиците во „Макстил“ и „Југохром“

Објавено на 16.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за животна средина и просторно планирање нема намера да го продолжи рокот до 31 октомври за поставување на неопходните филтер станици во скопската железарница и во комбинатот „Југохром“ од Јегуновце. Министерот Нурхан Изаири денеска ги повика компаниите самите да го запрат производствениот процес доколку не го поставиле еколошкиот систем за отпрашување. Она што се знае е дека „Југохром“ воопшто ја нема отпочнато изградбата на филтер станицата, која би ја чинела компанијата околу 10 милиони евра, така што таа ќе мора да запре со работа.

 

 

 

Компанијата „Макстил“ во моментов работи на изградба на постројката за отпрашување во кругот на скопската железарница, но доградбата на објектот и инсталирањето на опремата би требало да се заврши дури на крајот на годинава. Тоа значи дека индустриските погони на железарницата нема да работат три месеци, почнувајќи од 31 октомври. Во овој период ќе треба да се заокружи реализацијата на филтер станицата, по металуршкиот комплекс би продолжил со работа на почетокот од наредната година.

 

Новата филтерска постројка во погонот Челичарница веќе неколку месеци интензивно се гради од страна на скопски „Бетон“ и „Факом“. Во објектот ќе биде поставена опрема од италијанската компанија „СТГ Груп“ (STG Group S.p.A.). Изградбата на постројката за отпрашување во скопската железарница е проект тежок 10 милиони евра.