Претходна статија
Возниот парк на Скопјани за само 6 години се зголемил за над 27.000 нови возила
Следна статија
Владата ќе распише нов повик со променети услови за субвенционирање на нискобуџетни летови

Дополнителни 7,4 милиони денари за довршување на новото училиште во Капиштец

Објавено на 22.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Центар ќе исплати додатни 7,4 милиони денари за изведба на непредвидени работи што не биле вклучени во основниот договор за изградба на новото основно училиште Капиштец. Со договорот склучен пред еден месец, вкупната вредност на непредвидените работи при изградбата на овој објект се искачи на 20 милиони денари. Дополнително, изведувачот „Вардарградба“ од Скопје ќе има рок од 90 дена за да ги заврши непредвидените работи. Со најновиот договор се зголеми финансиската конструкција за заокружување на проектот, која во моментов изнесува над 423 милиони денари.

 

 

Новото основно училиште во Капиштец започна да се гради есента 2016 година. Објектот годинава веќе требаше да биде пуштен во употреба, но веќе е извесно дека неговата изградба ќе продолжи и претстојната есен. Станува збор за здание со површина од 12.000 метри квадратни, кое ќе им овозможи на жителите од населбата Капиштец да ги запишат своите деца во местото каде што живеат. Објектот треба да прими 500 деца на возраст од 6 до 15 години, а како дополнителни содржини во училиштето се предвидени затворен базен, ботаничка градина и паркинг.