Претходна статија
„Адора“ ја пушти во употреба новата висококатница во Кисела Вода
Следна статија
Александар Карангелов добитник на Големата годишна награда на ААМ

Дополнителни 27,8 милиони денари ќе се одвојат за објектот на ФДУ

Објавено на 27.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

И новата извршна власт ја продолжува реализацијата на објектите од проектот „Скопје 2014“. Владината служба за општи и заеднички работи денеска го објави тендерот за избор на фирма што ќе го изведе партерното уредување на просторот околу објектот на Факултетот за драмски уметности и јавна администрација во центарот на Скопје. Овие градежни активности е проценето дека ќе го чинат државниот буџет околу 27,8 милиони денари, со вклучен ДДВ. Идниот договор за изведба на партерното уредување ќе биде со времетраење од шест месеци.

 

 

Ваквиот потег на новата влада следува само две недели по потпишувањето на уште еден договор за идентичниот објект од проектот „Скопје 2014“. Имено, со фирмата „Гранит“ од Скопје на 6 декември 2017 година е потпишан договор од 12, 7 милиони денари за изведба на дополнителни работи за доградба на овој административен објект. Заедно со актуелниот оглас, двата нови договора само за ова здание ќе предизвикаат додатни трошоци од над 40 милиони денари од државниот буџет.

 

За „барокното“ здание на Факултетот за драмски уметности веќе се потрошени над 1,2 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра. Покрај идните актери, во овој објект со површина од 19.134 метри квадратни треба да се сместат и десетина државни институции што немаат сопствени канцелариски простории.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk