Претходна статија
Скопските таксисти ќе се унифицираат во бело - жолта боја
Следна статија
Штип го распиша тендерот за уредување на коритото на реката Отиња

Дополнителни 20 дена за евалуација на тендерот за Чебрен и Галиште

Објавено на 30.12.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владата го пролонгираше рокот за евалуација на јавниот повик за изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште. Првично беше соопштено дека тендерската комисија треба да констатира дали понудите на кинескиот конзорциум CWE (China Water Electric) и грчката PPC (Public Power Corporation S.A.) се целосно во согласност со барањата од тендерската документација до крајот на годинава, потоа како рок беше прецизиран 4 јануари, а со најновата одлука на Владата, комисијата својот став треба да го изгради до 24 јануари. „До тој датум ќе вложиме напори да направиме структурна и суштинска анализа на компаниите, се надевам дека ќе успееме да направиме реална класификација и ранг – листа на компаниите за конечно да може да почне реализацијата на овој проект“, изјави Ваљон Сарачини, министер за економија, во чија надлежност е спроведувањето на тендерот. Барањето за одлагање од страна на комисијата за евалуација, до него било доставено вчера.