Претходна статија
Доцни изградбата на пругата Бељаковце - Крива Паланка
Следна статија
Осветена црквата „Света Петка Преподобна“ во Кавадарци

Донација од 21 милион швајцарски франци за колекторски систем и пречистителна станица во Кочани

Објавено на 16.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Кочанската локална власт денеска потпиша договор за консултантски услуги во врска со проектот за изградба на пречистителна станица и колектор за отпадни води на територијата на општината. За консултант е избрана швајцарската компанија „Ернст Баслер и Партнер“. Пречистителната станица ќе се гради на најниската гравитациска точка на вливот на реката Масалница во Брегалница, така што е предвидено да ги прочистува водите од сегашните девет испусти од Оризари до Подлог кои ќе бидат собрани во главен колектор. Станицата ќе биде опремена со современа технологија, планирано е да заземе мала површина и да има минимални трошоци за експлоатација и одржување.

 

* Извор на фотографија: Општина Кочани

 

 

Со изградбата на пречистителната станица е предвидено да се опфатат отпадните води од Кочани и од околните рамничарски села, со вкупен број на населението од околу 58.000 жители. Проектот е донација на Швајцарската Конфедерација во висина од 21 милион швајцарски франци. Дополнителни два милиони евра се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Кочани и Ј.П. Водовод. Ова е најголема швајцарска донација за нашата земја во изминативе две и пол децении.