Реномираната австриска компанија Doka нуди широка палета на оплатни системи за плочи за различни области на примена. Новиот модуларен оплатен систем за плочи Dokadek 30 има значајни предности во однос на другите системи што досега беа достапни на македонскиот пазар. Оваа иновација овозможува брзо, едноставно и исклучително безбедно поставување на оплата во типски зони и зони на зазор.
Dokadek 30 претставува рачна оплата од лесна челична конструкција со пластифицирани рамови и робусни Xlife плочи кои овозможуваат долготрајно користење на голем број објекти без нивна промена. Системот се состои од панели со Xlife плочи и од три вида на потпирачки глави: Dokadek, Dokadek XF и потпирач Eurex top што овозможуваат различен начин на поставување и отстранување на оплатата. Оригиналноста на овој оплатен систем за плочи е во максималната безбедност при работа, леснотијата во ракување и извонредната брзина на негова монтажа и демонтажа на градилиштето.
Со површина од 3 метри квадратни, панелите се идеално димензионирани за брзо поставување на оплата на големи површини. Dokadek 30 има мал број на поединечни делови кои треба да се преместуваат, со што се забрзува операцијата за монтажа на оплатниот систем. Извонредната брзина во изведбата произлегува од фактот што не е потребен кран за поставување и демонтирање на оплатата. Целиот систем може непрестано да го монтираат тимови од само двајца работници без никаков застој. Во реалноста, Dokadek 30 може да се комбинира со сите флекс-системи и оплатни столови, или поедноставено, максимално да се прилагоди на барањата на еден проект. При демонтажата не постојат напорни и долготрајни изведби над главите на работниците.
Како всушност функционира оплатниот систем за плочи Dokadek 30? Станува збор за многу брзо поставување на панели кои безбедно се подигаат од тло, без потреба од одење по оплатата. Правоаголниот облик на панелите овозможува многу помал напор од работниците за тие да се закачат на потпирачите, дури и во оние случаи кога оплатниот систем се поставува на поголеми висини. Во комбинација со потпирачките глави, системот Dokadek 30 овозможува максимална безбедност при работа и при поголеми ветрови.
Врвната безбедност при изведбата на оплатниот систем потекнува од елиминирањето на можностите за импровизација, што произлегува од претходно дефинираниот редослед на монтирање. Рачниот систем без носачи Dokadek 30 е лесен за користење, со едноставна логика за монтажа и демонтажа што брзо ја совладуваат дури и полуквалификувани работници. Единствено е потребен краток тренинг за вовед во монтирање на градилиштето, по што изведбата на оплатниот систем за плочи Dokadek 30 е исклучително лесна. Едноставното и разбирливо работење произлегува од логичниот процес на изведба.
Dokadek 30 е флексибилен при неговото користење, од причина што на овој систем може да се применат три различни методи на работење. Примената на стандардниот систем овозможува монтирање на панелите без потпирачки глави. Вториот метод е Dokadek 30 без потпирачки глави и со можност за испитување на цврстината на бетонот, додека третиот начин на работа претставува изведба на оплатниот систем со потпирачки глави. Изборот на вистински метод за работа зависи исклучиво од самиот изведувач на градежните работи.
Користењето на оплатниот систем за плочи Dokadek 30 ги има воодушевено професионалците низ целиот свет. Во морето на примери за успешно, безбедно и исклучително брзо монтирање и отстранување на оплата ја издвојуваме изведбата на плоча од две подземни нивоа со површина од 5.630 метри квадратни на станбено – деловниот објект „Venissy“ во Лион, Франција. Изработката на бетонски површини од висок квалитет беше целосно завршена за само два месеци, што предизвика воодушевување кај главниот изведувач на работите Pitance. Австриската компанија Doka ве предизвикува и вас да го испробате системот Dokadek 30. Ви гарантираме дека ќе се најдете на нашата долга листа на задоволни корисници на овој оплатен систем за плочи.