Претходна статија
Археолошкиот музеј ќе ги отвори портите на 18 октомври
Следна статија
Напредува изградбата на водоводот во Тетово

Doka ги подига параметрите за квалитет на глобалното градежништво

Објавено на 15.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Што е заедничко за Бурџ Калифа како највисока зграда на светот и тунелот Готхард како еден од трите најдолги тунели на планетата? Одговорот може да се најде во употребата на оплатни системи со највисок квалитет на австриската групација Doka. Уште од 1958 година, компанијата Doka зема активно учество во изградбата на најсмелите градителски проекти што ги замислил човековиот ум. Од индивидуални куќи за живеење до мостови што го сечат синото небо, повеќе од пет и пол децении Doka овозможува максимална сигурност при изведбата на градежни активности.

 

###

 

 

Историјата на групацијата Doka започнува во 1958 година, со изработката на оплата за изградба на огромните хидроелектрани на реката Дунав во Австрија. Првиот клиент на овие системи – Donaukraftwerke (DOKW) прерасна во име на компанијата, која денес ги изработува најсложените конструкции при изградбата на тунели, мостови, хидроелектрани, висококатници и други објекти. Од нејзините почетоци до денес, Doka доживува постојан развој со што се вбројува меѓу глобалните лидери во производството и во испораката на оплатни системи.

 

Само во 2013 година, Doka има остварено добивка во висина од 911 милиони евра. Со 5.973 вработени, распространети во центри за производство, логистика и продажба во 70 земји од светот, австриската компанија е водечка алка во работата на групацијата Umdasch. За градителските проекти од пет различни континенти на Земјината топка, компанијата минатата година произвела и успеала да испорача 4 милиони метри квадратни оплатни плочи, милион парчиња потпирачи и 10 милиони линеарни метри носачи.

 

###

 

 

Doka е реномиран светски бренд што е решение при изградбата на секој објект. Како барани и често употребувани од градежниците, од богатата палета на производи треба да се споменат композитните и дрвените носачи, оплатните плочи, потпирачите, алатите за подесување, анкерите и останатиот прибор без кој не може да се замисли изведбата на еден објект. Со високиот квалитет препознатлив на глобално ниво, овие производи веќе можат да се најдат и на многу градилишта во Македонија.

 

Компанијата Doka произведува носечки потпорни скелиња при изведбата на инфраструктурни објекти, системи за качување на објекти со голема висина, системи на заштитна ограда за оплати и конструкции, работни платформи при бетонирање и заштитни платформи за ѕидна оплата и оплата за столбови. Како експерти за реализација на градителски зданија, Doka на градежните компании им нуди системи за изведба на ѕидови, и тоа оплата за столбови, оплата со носачи, еднострана оплата и рамовска оплата.

 

###

 

 

Градежните производи на реномираната австриска компанија се редовен гостин на водечките градилишта во светот. Групацијата Doka изработува скалишни кули како стабилен систем за качување на објекти со висина и до 100 метри. За високите разладни кули на енергетските објекти на располагање е автоматската оплата за качување SK 175, додека при изведбата на брани Doka нуди опрема за качување што се преместува со кран. Како уникатен систем при изградбата на тунели, на градителите со авангарден ум им се нуди модуларното носечко скеле SL-1. Достојни за почитување се и уредите за преместување работи на поставување оплата за плочи. Овие уреди се користат првенствено при изведбата на висококатници и овозможуваат сигурна работа на огромна висина без употреба на кран.

 

Максималниот избор што ја олеснува изведбата на објекти овозможува групацијата Doka во своето портфолио да ги вметне најзначајните градби на денешницата. Со помош на Doka, во Дубаи се изгради највисоката зграда на светот – Бурџ Калифа со оплатно решение за целото здание. На третиот по должина тунел во светот – швајцарскиот Готхард тунел беше поставена оплата на целосно хидрауличен начин. Покрај во светски рамки, Doka е редовно присутна при доведувањето сигурност и безбедност кај градилиштата на Балканскиот полуостров.

 

###

 

 

Меѓу најзначајните референтни објекти, треба да се издвојат најразличните видови на оплата што се користеа при подигањето на Мостот на Ада во Белград, како еден од највисоките мостови во Европа со пилони што достигнуваат висина од 200 метри. Производите на Doka се употребија и при изведбата на пристапните патишта кон овој мост во српскиот главен град, со вкупно количество на ангажирани скелиња и оплата од 65.000 метри квадратни. Автоматската оплата за качување на Doka беше употребена и при изградбата на мостот Метсовотикос во Грција, кој е капитална градба долж еден од најмодерните и најтешки автопати во Европа – Егнатиа Одос. Со сигурност и стручност, Doka помага во побрза, подобра и поекономична реализација на градителските проекти и во најоддалечените краеви на Земјината топка!