Претходна статија
Општина Карпош ќе ги легализира дивоградбите од „Шпанското село“
Следна статија
Германски „Вибе“ ќе ја реконструира пругата од Куманово до Бељаковце

Дојран конечно ќе добие меѓуградска автобуска станица

Објавено на 20.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Дојран е едно од ретките населени места во земјава што нема меѓуградска автобуска станица. Посетителите на ова туристичко место најчесто се договараат со возачите на автобусите за сите прашања поврзани со нивното патување, при што како перони за пристигнување и поаѓање на патниците се користи импровизиран простор. Ваквата грда слика за Дојран наскоро ќе се промени. Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на градежна парцела за изградба на нова автобуска станица во ова населено место. На приватните инвеститори им се нуди земјиште со површина 2.709 метри квадратни, по цена од 400 денари за метар квадратен.

 

Најповолниот понудувач во иднина треба да вложи во изградбата на овој објект, чии услови за градба и максимална предвидена површина допрва ќе се определат со изработката на планираниот архитектонско – урбанистички проект. Заинтересираните субјекти за земјиштето треба да достават пријава за учество на електронското јавно наддавање, заедно со банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ од 50.000 евра, најдоцна до 13 јануари 2014 година. Лицитацијата ќе се одржи на 17 јануари.