Претходна статија
„Карпош АД“ ќе го доградува водоснабдителниот систем во Гевгелија
Следна статија
Цела година доцни изградбата на булеварот Х.Т. Карпош во општина Бутел

Догодина ќе се доврши изградбата на пругата Битола – Кременица

Објавено на 22.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Австриската компанија „Штрабаг“ е избрана за изведувач на градежните работи на недовршената пруга Битола – Кременица, јавува порталот „СДК.МК“. Оваа информација денеска во Битола ја соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој напомена дека пругата со должина од 17 километри ќе се доврши во текот на 2018 година. За нејзина изведба од ИПА фондовите на Европската Унија се обезбедени 19,9 милиони евра, но нивното искористување ќе мора да се комплетира до крајот на наредната година.

 

 

Министерот Горан Сугарески информираше дека до надлежните институции се доставени документи за судска постапка која ќе се спроведе за евентуалните малверзации на досегашните изведувачи на пругата од Битола до границата со Грција. Оваа железничка врска требаше да биде реконструирана до 30 јули 2016 година, но досега тоа не се оствари. Пругата од грчка страна е целосно реконструирана и по неа се одвива железничкиот сообраќај од северна Грција кон Солун.

 

 

» Форумска дискусија за пругата Битола – Кременица