Претходна статија
До јуни догодина ќе почнат да сообраќаат новите локомотиви на МЖ - Транспорт
Следна статија
Поништена постапка за изработка на проект за катна гаража во Клиничкиот центар

Доделени наградите за 2018 година Комората на овластени архитекти и инженери

Објавено на 19.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По повод одбележувањето на 11 – годишнината од нејзиното основање, Комората на овластени архитекти и инженери вчера ги додели наградите и благодарниците за 2018 година. Наградата именувана по проф. д-р Александар Цане Ангелов од одделението на градежни инженери ѝ припадна на професорката Голубка Нечевска – Цветановска од ИЗИИС. Со наградата именувана по професорот Борис Чипан од одделението на архитекти и урбанисти се стекна пензионираниот архитект Рафаил Влчевски.

 

*Извор на фотографија: Комора на овластени архитекти и инженери на Република Македонија

 

Од одделението на инженери по електротехника, наградата именувана по професорот Станимир Јовановски му беше доделена на Горан Мојсоски. Наградата именувана по проф. д-р Илија Черепналковски од одделението на машински инженери му припадна на Сашо Николоски. Вчерашниот настан беше искористен за да се доделат благодарници на Лилјана Настева – Симиџиевска, Оливија Трајковска, Фљутура Хазари, Леонита Чалоска и  Даница Павловска – Циги.