Претходна статија
Македонија бара консултант за воспоставување на национален авиопревозник
Следна статија
Висококатница ќе никне на местото на сапунарата „Цветан Димов“

Добивката на скопски „Бетон“ продолжува да расте

Објавено на 12.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Друштвото за Градежништво „Бетон“ АД Скопје оствари позитивен финансиски биланс од своето работење во висина од 42.045.509 денари (околу 683 илјади евра) во периодот јануари – септември 2014 година. Вкупните приходи во првите девет месеци изнесуваат 1.884.325.221 денари (пораст од 0,01% во однос на истиот период од 2013 година), а расходите изнесуваат 1.842.279.712 денари (намалување за 0,11%). Со ваквите финансиски резултати, добивката на ДГ „Бетон“ АД Скопје е зголемена за 5,75% во споредба со првите девет месеци од минатата година.

 

* Панорамското тркало како еден од новите проекти што ќе ги гради скопски „Бетон“

 

 

„Бетон“ денеска го објави и консолидираниот биланс на успех, во кој е наведено дека добивката од неговото работење е 40.764.395 денари (околу 663 илјади евра), што претставува зголемување од 14% во споредба со периодот јануари – септември 2013 година. Во овој документ е вклучено и работењето на формираните друштва за експлоатација на минерални суровини, и тоа: „Бетон – Про“, „Бетон – Каменолом“ и Бетон – Рудник“ од Скопје.