Претходна статија
„Урбан инвест“ ќе го продолжува булеварот АСНОМ кон Горно Лисиче
Следна статија
Отворен за сообраќај булеварот „Александар Македонски“ во Прилеп

Добивката на скопски „Бетон“ пораснала за 3,96% во првото полугодие од годинава

Објавено на 29.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежниот гигант „Бетон“ од Скопје ја зголемил својата добивка во првите шест месеци од 2013 година. Во неконсолидираниот биланс на успех на компанијата објавен на интернет – страницата на Македонската берза се наведува дека е остварен позитивен финансиски биланс во износ од 37.538.246 денари, односно околу 600 илјади евра, што е за 3,96% повеќе во споредба со периодот јануари – јуни 2012 година. Вкупните приходи од реализираните проекти изнесувале 1.164.082.178 денари или околу 19 милиони евра и истите се зголемиле за 13,8%. Остварените расходи од работењето на „Бетон“ достигнале 1.126.543.932 денари или околу 18,2 милиони евра и се зголемени за 14,16% во однос на истиот период лани.

 

 

 

Според публикуваниот допис на компанијата, во наредниот период ќе се зголеми нивото на остварениот финансиски успех од работењето, со оглед на најавените зголемени инвестиции во нискоградбата и хидроградбата, инвестициите во градежништвото и на актуелната состојба на пазарот. Консолидираниот биланс на успех покажува дека „Бетон“ од Скопје, заедно со фирмите за експлоатација на минерални суровини „Бетон Про“, „Бетон – Каменолом“ и „Бетон – Рудник“ од Скопје во првите шест месеци од 2013 година оствариле профит во износ од 34.788.204 денари.