Градежната компанија „Бетон“ од Штип забележала намалена финансиска добивка од 49% во текот на 2015 година. Според податоците од Македонска берза, сеопфатната добивка на компанијата во периодот јануари – декември 2015 година изнесувала 47.683.000 денари. Остварените годишни приходи на штипски „Бетон“ лани биле заокружени на 754.981.000 денари, додека оперативните расходи на оваа градежна фирма изнесуваат 668.437.000 денри. Според неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех, кај расходите има зголемување во делот на трошоците за вработени, трошоците за суровини и амортизацијата на материјални и нематеријални средства. Расходите по основ на камати, курсни разлики и слични расходи во 2015 година биле зголемени за 39%.