Претходна статија
Значителен пад на предвидените станови за градење во февруари
Следна статија
Државата ќе гради плажа во Лагадин

Добивката на „Гранит“ лани се намалила за 42%

Објавено на 09.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Гранит“ од Скопје во минатата година остварила значително помала годишна добивка од севкупното работење, покажува неревидираниот и неконсолидиран финансиски извештај за 2014 година објавен на веб – страницата на Македонска берза. Вкупната сеопфатна добивка на компанијата во текот на минатата година е заокружена на 188.160.000 денари (околу 3.000.000 евра), што претставува намалување од 42% во споредба со периодот јануари – декември 2013 година.

 

 

 

Остварените вкупни приходи во 2014 година изнесуваат 4.080.846 илјади денари и во споредба со 2013 година бележат пад од 28,18%. Намалувањето се должи првенствено поради завршувањето на крупни градежни проекти и почетната фаза на новопотпишаните договори. Остварените консолидирани вкупни приходи во 2014 година изнесуваат 4.987.087 илјади денари и во споредба со 2013 година бележат намалување од 23,03%.

 

Во периодот јануари – декември 2014 година, компанијата „Гранит“ од Скопје забележала вкупни расходи во износ од 3.865.692 илјади денари и во однос на претходната година тие бележат намалување од 27,82%. Остварените консолидирани вкупни расходи се заокружени на 4.713.403 илјади денари и во споредба со 2013 година се намалени за 22,11%.

 

 

Бојан Блажевски