Претходна статија
Цената на становите во Скопје растела во континуитет целата 2018 година
Следна статија
„Гранит“ за 10,5 милиони евра ќе рехабилитира 9 патишта низ земјава

До Нова Година ќе затруби возот од Битола кон Лерин

Објавено на 21.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Пругата од Битола кон граничниот премин Меџитлија е целосно изградена и до крајот на годинава ќе се работи на инсталација на системот за сигнализација и другата техничка опрема и на довршувањето на железничката станица и постојки долж трасата од 17 километри. Вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и битолската градоначалничка Наташа Петровска денеска извршија увид во градежните работи на оваа пруга.

 

*Извор на фотографија: Влада на Р.М.

 

Министерот Горан Сугарески појасни дека по цели 32 години ќе има железничко поврзување на Пелагонискиот регион со соседна Грција. Првиот воз на пругата од Битола кон грчката граница би можело да тргне до 31 декември. „Со оваа пруга ќе обезбедиме ново поврзување со Солунското пристаниште и брз и поевтин транспорт на стоки и услуги, не само за домашните, туку и за странските компании што ги користат нашите железници“ изјави министерот Сугарески.

 

Проектот вреден 17,1 милиони евра го гради STRABAG Rail Gmbh во конзорциум со STRABAG AG од Австрија. На новоизградената пруга има 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и нова зграда за сигнализација и телекомуникации.

 

 

» Форумска дискусија за пругата Битола – Кременица