Претходна статија
„Билд“ со серија текстови за донираните објекти од странство по скопскиот земјотрес
Следна статија
Финалната сума за изградба на автопатот Кичево - Охрид ќе се знае за еден месец

До крајот на месецов ќе биде воведена електронска наплата на патарините

Објавено на 19.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

По две и пол години од официјалниот почеток на реализацијата на проектот, електронскиот систем за наплата на македонските патарини треба да биде инсталиран до крајот на овој месец. Ваквата информација денеска ја потврди директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. Со проектот ќе се овозможи користење на два начина за плаќање на оваа услуга. Првиот начин дозволува купување на постпејд или припејд картички од возачите, кои ќе мора да ги евидентираат на електронските читачи поставени долж автопатите.

 

 

Наспроти овој начин на електронска наплата, возачите ќе имаат можност и да набават електронски уред за нивното возило со кој автоматски ќе се евидентира наплатата на патарина при минувањето на возилото низ неа. Модернизацијата на македонските патарини е проект што се реализира во соработка со турската компанија „Аселсан“. Електронскиот систем за наплата на патарините ќе ги надмине досегашните проблеми со гужвите долж македонските автопати, кои се создаваа при рачна наплата на оваа услуга.

 

Проектот за изградба на нови и модернизација на постојните патарини, како и за инсталација на електронски систем за наплата на патарини, е вреден 18,7 милиони евра, од кои 2,86 милиони евра беа обезбедени од државниот буџет, додека останатите средства потекнуваат од Европската банка за обнова и развој.