Претходна статија
Објавен повик за учество во работилница за деца за модернистичката архитектура на Скопје
Следна статија
Скопје се приклучува на мрежата на зелени градови

До јуни ќе се заврши реконструкцијата на патот Гостивар – Кичево

Објавено на 27.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изврши увид во реконструкцијата на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Во моментов се работи на поставување на нов асфалтен слој на потегот од Колари до Кичево, со што до јуни во целост ќе се комплетира реконструктивниот зафат на постојниот патен правец. Активностите на терен започнале во октомври 2018 година, откако претходно беше целосно саниран патот од гостиварското село Здуње до кичевско Колари. Паралелно со ова, се работеше на санациони зафати на 5 мостови долж овој пат.

 

*Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски

 

За реконструкција на магистралниот пат Гостивар – Кичево се издвоени средства во висина од околу 8 милиони евра. Градежните активности на терен ги изведува скопската фирма „Гранит“. Овој патен правец ќе продолжи да се користи сè до изградбата на новиот автопат меѓу двата града, за што Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе го заврши проектирањето на првата делница од Букојчани до Кичево.