Претходна статија
ТЕМА: Европа се враќа на колективниот јавен превоз, Македонија се качува во такси
Следна статија
Промовирани новите рекламни паноа во Скопје

До 2016 Скопје ќе добие хотел од ланецот „Хилтон“

Објавено на 13.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Глобалниот хотелски ланец „Хилтон“ и „Стоун Бриџ Хотел“ од Скопје потпишаа договор за франшиза, со што се официјализира најавата за изградба на „DoubleTree by Hilton“ хотел покрај кејот на Вардар во општина Аеродром [»мапа]. Вкупната инвестиција се проценува на 30 милиони евра, а новиот хотелски капацитет ќе се простира на површина од околу 25.000 метри квадратни, ќе има 152 соби и 20 луксузни апартмани, четири конференциски сали, спа-центар на 2.000 метри квадратни, бизнис центар и центар за здравје.

 

##

 

 

„Стоун Бриџ Хотел“ го купи земјиштето во мај 2010 година за цена од нешто над половина милион евра. Градежните работи на објектот со бавно темпо се започнати уште кон средината на минатата година и се очекува изградбата да заврши до 2016 година. Изведувач е „Пера Констракшн“, а надзорот го врши „Рударски институт – друштво за инженеринг“.

 

Брендовите на „Хилтон“ се вклучени во повеќе од 3.900 хотели и одморалишта, со 650.000 соби во 90 држави. Покрај „DoubleTree by Hilton“, брендови на ланецот се и „Hilton Hotels & Resorts“, „Waldorf Astoria Hotels & Respоrts“, „Conrad Hotels & Resorts“, „Embassy Suites Hotels“, „Hilton garden Inn“, „Hampton Hotels“, „Homewood Suites by Hilton“, „Home 2 Suites by Hilton“ и „Hilton Grand Vacations“. Во наредните неколку години се очекува изградба на уште 1.000 нови хотели под брендовите на „Хилтон“ по принципот на Франшиза, ширум планетата.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект