Претходна статија
Градежниците загрижени за финансиската состојба на нивните компании
Следна статија
Ставен под напон нов далновод за сигурно снабдување на Битола

„Џонсон Мети“ отвори нови погони во Бунарџик

Објавено на 08.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Две нови производствени ленти со капацитет за изработка на 10 милиони лесни автокатализатори и планиран извоз во вредност од 1 милијарда евра за наредната година. Успешната приказна на британската компанија „Џонсон Мети“ (Johnson Matthey) во Македонија продолжува со денешното отворање на новите погони за производство на автокатализатори во слободната економска зона „Скопје 1“ кај Бунарџик. Објектот го пушти во употреба премиерот Никола Груевски, кој нагласи дека оваа компанија е број еден извозник од Македонија, а со производството во новата фабрика нивниот удел ќе се зголеми. Во новите индустриски капацитети се инвестирани 60 милиони евра, со што вкупните вложувања на „Џонсон Мети“ во нашата земја од април 2010 година се искачија на околу 130 милиони евра.

 

Во новиот објект ќе бидат вработени 200 лица, со што нивниот вкупен број ќе достигне до 650. Во фабриката на оваа компанија во Бунарџик досега се произведени 10 милиони катализатори за временски период од три години. Изградбата на новите производствени погони започна на почетокот од мај 2012 година.

 

 

» Форумска дискусија за слободната економска зона кај Бунарџик