Претходна статија
Два студентски дома ќе се градат во Скопје и Тетово
Следна статија
Големата сала на МОБ ќе се реновира

Девет парцели од зоната „Жабени“ одат на продажба

Објавено на 23.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Домашните и странските инвеститори добиваат нова можност за инвестирање во битолскиот регион. Општина Битола продава девет градежни парцели на кои е предвидена изградба на индустриски објекти во зоната „Жабени“ – класи на намена за производство, дистрибуција и сервиси. Станува збор за градежно земјиште со вкупна површина од 43.436 метри квадратни, поделено на парцели со големина од 3.791 до 8.157 метри квадратни. Според урбнистичкиот план, објектите можат да имаат најмногу  приземје и два ката. Почетната цена по која општината ги нуди парцелите е 61 денар за метар квадратен.

 

 

 

Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите пријави за учество на закажаното електронско јавно наддавање најдоцна до 23 март, а неговото одржување е закажано за 29 март.