Претходна статија
Ревизорите открија дека „барокните“ фасади се бунар без дно
Следна статија
Од 1 јуни ќе сообраќаат по седум воза дневно меѓу Скопје и Битола

Десетте скулптурални кругови на „Вара“ на Венециското биенале

Објавено на 28.05.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Селекторот на овогодинешното Биенале на архитектурата во Венеција, Алехандро Аравена подготви спектакуларно дело во чест на најзначајниот архитектонски настан на светот. Славниот чилеански архитект, добитник на Прицкеровата награда за 2016 година, е куратор на авторското дело „Вара“ на архитектите Sofia von Ellrichshausen и Maurizio Pezo, кое предизвика воодушевување на почетокот од Биеналето. Уникатната творба се состои од десет кругови со различна големина, кои импресионираат со меѓусебната испреплетеност. Терминот „Вара“ потекнува од стара единица за должина, која во XIX век била актуелна во Шпанија и во Куба. Една вара е еквивалентна на должината од 836 метри, претставувајќи ја основата на различните радиуси од кои се зачнати десетте скуптурални кругови.

 

###

 

 

Творбата на двајцата чилеански архитекти е возбудлива симбиоза на уметноста со архитектурата. Елементите на творбата формираат лавиринтска геометриска фигура, со менување на импресиите од внатрешните и надворешните погледи на посетителот. Играта со различните ситуации во просторот, нерегуларните конкавни и конвексни површини, заедно со промената на собите кои го отвораат и затемнуваат просторот, овозможуваат дури и најмалата меѓу нив да воскликне со фасцинантно просторно искуство на делото.

 

Имплементацијата на архитектонската замисла во реалноста беше овозможена преку изведените надворешни ѕидови изработени од цеметните плочи Knauf Aquapanel. Реализацијата на творбата е поддржана од програмата “Build Beyond”, со која Кнауф се стреми да отвори дијалог со архитектите. Предностите на градежните материјали на германскиот производител беа прикажани во пракса на Биеналето на архитектурата во Венеција. Повеќе од 400 CW челични профили ја оформија основата на делото „Вара“. Издигнувањето на скулптуралната композиција беше овозможено со употреба на цементните плочи Knauf Aquapanel, со површина од над 1.000 метри квадратни.

 

Крајниот резултат од соработката помеѓу Кнауф и Алехандро Аравена е исклучителен. Дури и радиусот од 0,83 метри на најмалиот круг не претставуваше проблем да се изведе. Малата тежина на употребените градежни материјали на Кнауф, надополнети со експедитивната изведба, овозможи архитектонската творба да биде достапна за сладокусците на уметноста за многу краток период. Поставена на отворено, скулптурата „Вара“ ќе биде отпорна на надворешните атмосферски влијанија, кои ќе го следат XV Биенале на архитектура во Венеција сè до неговото затворање на 27 ноември.