Со дводневен низ на предавања на кои врвни архитекти ќе ги презентираат своите трудови, творечки пристапи, концепти и сопствените поимања на архитектурата, оваа година во Загреб ќе се одржи 12-тото издание на меѓународниот симпозиум „Денови на Орис“. Предавања ќе имаат Helen & Hard (Норвешка), Anton Garcia-Abril (Шпанија), Odile Decq (Франција), Saša Bradić (Хрватска), Anttinen Oiva Arkkitehdit Oy (Финска), Dominique Perrault (Франција), Bearth & Deplazes (Швајцарија), Marijan Hržić (Хрватска), Martha Thorne (Шпанија), Sou Fujimoto (Јапонија), Jeff Bickert (Словенија) и Karim Rashid (САД).
Настанот е во организација на „Архитекст“ и здружението „Орис – куќа на архитектурата“. Ќе се одржи на 20 и 21 октомври во концертната сала „Ватрослав Лисински“. Во склоп на отворањето на манифестацијата, уредништвото на списанието „Орис“ ќе му ја додели овогодинешната Награда за извонреден творечки придонес во архитектурата на студиото „3LHD“.