Претходна статија
На 9 октомври промоција на публикацијата „Град за сите: Модерна за деца“
Следна статија
Архитектонски конкурси за идејни решенија за две градинки во Бутел

Делови од автопатот Кичево – Охрид ќе се отвораат порано од рокот

Објавено на 05.10.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градежните работи на автопатот Кичево – Охрид се одвиваат со полна пареа, а со третиот, последен анекс на договорот кој е во завршна подготовка, ќе бидат разрешени сите проблеми околу трасата и експропријацијата на земјиштето. Владата ветува дека со овој анекс Македонија ќе заштеди од 70 до 100 милиони евра, од средствата кои првично ги бараше кинескиот изведувач – компанијата „Синохидро“.

 

Поради проблемите кои произлегоа од лошата проектна документација, автопатот значително ги проби роковите за изградба, а цената вртоглаво порасна. Главниот изведувач „Синохидро“ побара дополнителни 152 милиони евра само за довршување на двоцевниот тунел кај Пресека. „Претходно таа разлика во цени беше голема над 50%, сега таа разлика во цени ќе биде сведена согласно меѓународните пропозиции на 10%. Мислам дека со сите заштеди на тунелот и на дополнителни работи ќе направиме значителна заштеда од првичните средства кои беа побарани“ тврди Кочо Анѓушев, заменик премиер.

 

 

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, изразува надеж дека ќе биде испочитуван новоутврдениот рок за целосно завршување на автопатот – 2021 година. Китанов исто така најави дека одредени делници ќе бидат пуштени во употреба и порано. „Нашата интенција е од Охрид до тунелите парцијално да се пуштаат како што ќе бидат готови делови од патот. Но, тоа нема да биде километар или два туку 5,10 или 15 километри и со тоа да се оспособи и растовари сообраќајот“, изјави Китанов.

 

» Форумска дискусија за овој проект