Претходна статија
„Антура“ отвори фабрика за производство на расади во Кочани
Следна статија
Во општина Петровец пуштен во употреба нов училишен објект

„Делфина Турс“ ќе ја гради автобуската станица во Охрид

Објавено на 06.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Новата меѓуградска автобуска станица во Охрид ќе стане реалност за најмногу четири години. „Делфина Турс“ од Скопје ја купи градежната парцела од 11.997 метри квадратни, која ја опфаќа постоечката автобуска станица, а на која е предвидено да се реализира и новиот инфраструктурен објект. Најповолниот понудувач го купи градежното земјиште по цена од 3.487 денари за метар квадратен, односно вкупно за оваа локација плати 41.833.540 денари (680 илјади евра).

 

Автобуската станица во ОхридВкупната површина на новата станица ќе изнесува 58.367 метри квадратни. Предвидена е изградба на објект со приземје, четири ката и поткровје, а според деталниот урбанистички план, 70% од неговата површина ќе биде наменета за автобускиот терминал, додека 30% се предвидени за компатибилни класи на намена. „Делфина Турс“ во наредните 30 дена ќе ја изработи проектната документација врз чија основа ќе се реализира зафатот. Инвеститорот има рок од една година за да прибави одобрение за градење на објектот од кој во иднина ќе поаѓаат и ќе пристигнуваат автобусите во градот. Изградбата на нова автобуска станица во Охрид треба да го реши проблемот со субстандардните услови на функционирање на постоечкиот објект, кој всушност се состои од монтажни градби.