Претходна статија
Со „Виз ер“ од јули ќе се лета од Скопје кон Малта, Рим и Ваксјо
Следна статија
Отворен Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2017

Делчево и Благоевград ќе користат европски финансии за обнова на уличното осветлување

Објавено на 28.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општините Делчево и Благоевград од Бугарија ќе го обноват уличното осветлување во двата града преку заеднички проект финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ. Планирано е да се постават нови ЛЕД светилки на улиците, со што директно ќе се намали потрошувачката на електрична енергија. „Делчево со реализацијата на проектот ќе добие нови 760 светилки кои ќе бидат поставени во седум села и централното градско подрачје, а се планира заштеда од 60 отсто на финансиите кои сега се даваат за јавно осветлување“ велат од Општината.

 

 

Од локалната самоуправа нагласуваат дека проектот ќе има огромно значење за селските средини од делчевскиот регион. Општините Делчево и Благоевград за овој проект имаат добиено финансиски средства во висина од 400.000 евра. Замената на уличните светилки е предвидено да се реализира до 2018 година.