Претходна статија
Архитектката Ружица Минова добитничка на наградата „ТИГРИТЕ“ за 2018 година
Следна статија
Ќе се подобри инфраструктурата за собирање на отпадни води во Скопје

Четврти обид за пронаоѓање инвеститор во терени за голф во Зелениково

Објавено на 13.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општина Зелениково денеска распиша повик за доделување на договор за воспоставување јавно – приватно партнерство за изградба, оперирање, управување и одржување на спортско – рекреативен центар за голф терени и пропратни содржини. Станува збор за четврти обид на локалната самоуправа за да пронајде инвеститор што би требало да гради терени за голф во близина на селото Пакошево. И покрај тоа што постоеше интерес меѓу приватните инвеститори, општината во претходните три наврати не можеше да пронајде прифатлива понуда што би довела до изградба на еден ваков спортско – рекреативен центар.

 

 

Доколку се пронајде приватен партнер, Општина Зелениково ќе ги добие првите голф терени изградени на територијата на Македонија. Приватниот концесионер би го добил земјиштето за да вложи во издигнување на замисленото спортско здание, а за возврат би можел да управува со голф терените во наредните неколку децении. Во минатите обиди, Општина Зелениково го процени концесискиот договор на 70,2 милиони денари, без вклучен ДДВ.