Претходна статија
Објектот на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ се подготвува за реконструкција
Следна статија
Од утре почнува сезоната на изнајмување на велосипеди во Скопје

Четири нови улици се градат во населбата Стар Аеродром

Објавено на 30.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Аеродром ја започна изградбата на четири нови улици во населбата Стар Аеродром. Станува збор за изградба на фекална и атмосферска канализација, асфалтирање, тротоари и јавно осветлување на улиците „Пандил Шишков“, „Вангел Тодоровски“ и двете новопроектирани улици 4 и 5 со вкупна должина од околу 800 метри. Ширината на улиците ќе изнесува седум метри. Од општинскиот буџет се издвоени вкупно 31,4 милиони денари за реализација на овој градежен зафат. За изведувач на градежните активности е избрана фирмата „ЈУ-БАЈ 2 Амет“ од скопското село Бојане.

 


Извор на фотографија: Општина Аеродром

 

Изградбата на овие четири улици треба да ја зајакне патната инфраструктура во населбата Стар Аеродром, во која во изминатиов период беа изградени десетици нови станбени згради. Во функција на подобрување на инфраструктурата, општина Аеродром веќе ја реконструираше улицата „Методија Шаторов-Шарло“ (поранешна „Руди Чајавец“).