Претходна статија
Дополнителни 53 милиони денари отидоа на одржување на фонтани и споменици од „Скопје 2014“
Следна статија
Градот Скопје ги отвори портите за „Рајската градина“

Четири нови инвестиции во Општина Илинден

Објавено на 28.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник „Илинден 2-ри Август“ во Општина Илинден денес беа поставени камен – темелници за четири нови индустриски објекти, за кои вкупната инвестиција изнесува 17 милиони евра и кои треба да донесат 230 нови работни места. Во локалната зона „Стопански комплекс Илинден“ почнаа да се градат два стопански објекти. Компанијата „Г.Р.А.Д. Екологија“ започна со изградба на новата постројка за производство на дизел гориво добиено преку каталитичка деполимеризација. Со проектот вреден 12 милиони евра ќе се отворат 40 работни места. Во истата локална зона беше означен почетокот на градежните работи за нов транспортно – логистички центар со шпедиција и администрација на компанијата „ЈЦС бард логистик“. Инвестицијата во вредност од 2 милиони евра ќе овозможи вработување на 150 лица.

 

* Извор на фотографија: Општина Илинден

 

Во локалната зона „Марино – Кадино“ беше поставен камен – темелник на објект за пакување на плочки со административен и деловен простор на фирмата „Два брата градители“. Во овој домашен проект ќе се вложат 2 милиони евра и ќе се отворат 20 работни места. Во истата зона започна и изведбата на административно – деловен и магацински простор на фирмата „Велмар“, проект во кој ќе се инвестираат 1 милион евра и ќе се вработат 20 нови лица.