Претходна статија
Догодина нов обид за подготовка на проектот за обиколница околу Ресен
Следна статија
Нов парк во Драчево на местото на дива депонија

Четири македонски проекти во конкуренција за европската награда „Мис ван дер Рое“

Објавено на 27.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Четири реализирани проекти на македонски архитекти се наоѓаат во конкуренција за добивање на Наградата на Европската унија за современа архитектура „Мис ван дер Рое“. Станува збор за проектот за скопскиот плоштад „Скендербег“ на Besian Mehmeti Architects – BMA, QB Arkitektura и BINA, „Челзи“ бизнис центарот во Скопје на архитектонското студио GMS, урбаниот модулар изработен во Тетово од Сара Симоска Архитектура од МЕЛЕЕМ и станбеното здание „Стогово 14“ во Скопје на Attika Architects. Овие четири проекти од нашата земја ќе конкурираат за главната награда.

 

*Плоштадот „Скендербег“ во Скопје

 

Наградата е основана во 1987 година од Европскиот Парламент, Европската Комисија и Фондацијата „Мис ван дер Рое“, при што првото архитектонско биенале е одржано во 1988 година. Наградата за современа архитектура „Мис ван дер Рое“ постанува официјална архитектонска награда на Европската Унија во 2001 година.