Во рамки на подготовките за претстојната реконструкција на автопатската делница Катланово – Петровец, Јавното претпријатие за државни патишта го потпиша договорот за изработка на проектната документација. Овој сегмент од Коридорот 10 ќе се доведе на ниво на стандарден автопат, а ќе се рехабилитира и коловозот. За изготвување на проектната документација е избрана фирмата „Чакар-партнерс“ од Скопје. Времетраењето на потпишаниот договор е 12 месеци, а вредноста 9.440.000 денари.
Одредени сегменти од автопатот Катланово – Петровец не се реконструирани подолг временски период. За оштетениот дел до патот треба да се објави тендер за избор на изведувач на градежните работи, но по завршувањето на фазата за проектирање.