Општина Чаир успешно го реализираше архитектонскиот Конкурс за избор на идејно решение по кое би се градела нова детска градинка на нејзина територија. Вкупно осум архитектонски трудови биле доставени на распишаниот Конкурс, при што првата награда во износ од 180.000 денари е доделена на конкурсното решение со шифра ВИРА-573. Жирито одлучи да не ја додели втората награда, додека третонаграден е доставениот труд со шифра ИГРА, чиј автор ќе се стекне со награда во висина од 24.000 денари.
За оценување на доставените идејни решенија одлучуваше комисија составена од пет члена: Ејуп Адеми, Арта Сали, Васил Велков, Јетон Невзати и Недим Рама. Конкурсот за новата детска градинка во Чаир беше објавен на почетокот од јуни годинава. Идното образовно здание со површина од над 2.400 метри квадратни ќе биде лоцирано на улицата „Кемал Сејфула“. Објектот ќе се состои од шест простории за смештај на деца над 6 години, четири занимални за деца на возраст од 4 до 6 години, три занимални за деца на возраст од 2 до 4 години, две простории за јасли, три креативни работилници за деца, кујна и подземен паркинг.